НЛБ мКлик
Мобилно банкарство

За сите оние кои сакаат да ги извршуваат банкарските трансакции лесно и сигурно преку мобилен телефон.

Основни информации

НЛБ мКлик - мобилно банкарство е софтверска апликација која се инсталира и користи преку мобилен телефон. Со НЛБ мКлик апликацијата можете да вршите разни плаќања директно од Вашиот мобилен телефон и да ги извршувате сите банкарски работи од било кое место и во било кое време.

Што овозможува
НЛБ мКлик?

  • Отворање на трансакциска сметка online директно преку апликацијата
  • Едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата и прометот на сите Ваши сметки, депозити,картички и кредити
  • Извршување на сите плаќања со само еден клик: интернитрансакции, режиски трошоци и останати плаќања кон физички и правни лица
  • Промена на лимит на Вашите картички при подигање готовина на банкомат, плаќања во продажната мрежа на ПОС терминал и интернет плаќања, за Ваша поголема сигурност и флексибилност при користење на НЛБ платежни картички
  • Конверзија од една во друга валута
  • Надополнување на кредит за мобилен телефон
  • Локатор на најблискиот банкомат и експозитура
  • Директен контакт со Банката во секое време

Предности

  • Модерен интуитивен дизајн
  • Заштеда на време и финансиски средства
  • Независност од работното време на експозитурите на Банката
  • Плаќањата се вршат директно без потреба од софтверски уред токен
  • Извршување на сите банкарски услуги 24 часа, 7 дена во неделата 
  • Пониски провизии за електронски налози од 50% до 70% во однос на налозите извршени во експозитура

Како да станете корисник?

               Апликацијата НЛБ мКлик можете да ја симнете преку:

               Google Play Img                    

Апликацијата можете самостојно да ја активирате или да ја посетите најблиската експозитура на Банката.

Локатор на експозитури

Трошоци и провизии

НЛБ мКлик апликацијата е достапна преку НЛБ Трансакциските пакети. 

Трошоците за сите електронски налози извршени преку НЛБ мКлик се 50% до 70% пониски од трошоците за хартиените налози извршени во експозитура.

 

ТАРИФНИК ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ПЛАЌАЊЕ
Хартиени налози Електронски налози
За налози извршени преку МИПС 200 ден 100 ден
За налози пратени преку клиринг-КИБС до 10 000,00 ден
над 10 001,00 ден
30 ден
40 ден
15 ден
15 ден
За налози преку интерен клиринг до 10 000,00 ден
над 10 001,00 ден
Кон НЛБ Банка АД Скопје
20 ден
25 ден
Без надомест
9 ден
9 ден
Без надомест
Уплата на режиски трошоци кон с-ка на правни лица со кои Банката има склучено посебен договор Без надоместок Без надоместок