Старателски услуги

Отворање и водење на сметки, чување на хартии од вредност и грижа за портфолија за клиенти.

Главни предности

  • Стручен и висококвалификуван персонал кој се грижи за законито, сигурно и транспарентно работење
  • Долгогодишен деловен однос со реномирани финансиски институции и брокерски куќи
  • Широка мрежа на експозитури и претставништва на НЛБ Групацијата
  • Долгорочна определба за континуиран развој на старателските услуги

Корисници на старателски услуги

  • Нерезиденти: физички и правни лица за услуги (чување) со хартии од вредност на домашен пазар
  • Резиденти: инвестициски фондови, пензиски фондови, осигурителни друштва и други физички и правни лица на домашен и на странски пазар

Старателски услуги кои се нудат на клиентите:

Основни старателски услуги:

    • отворање и водење на старателски парични сметки – денарски и девизни
    • отворање и водење на старателски сметки за хартии од вредност 
    • чување на парични средства и хартии од вредност
    • порамнување на трансакции поврзани со тргување со хартии од вредност
    • одржување на портфолиото на хартии од вредност 
    • спроведување на корпоративни активности
    • известување  за  состојби на сметки

 

Дополнителни старателски услуги:

    • известување за регулативата од областа на работење со хартии од вредност 
    • известување за даночна регулатива од областа на работењето со хартии од вредност
    • даночни услуги
    • застапување на собрание

Како да отворите старателска сметка?

  • Документација за идентификација
  • Склучување на договор за старателство
  • Отворање на старателска сметка во Банката и во Централниот депозитар за хартии од вредност
  • Следење, водење и одржување на портфолиото на хартии од вредност на старателските сметки
  • Порамнување на трансакциите, корпоративни настани и информирање за движењата и состојбите на сметките

Потребна документација за отворање старателска сметка

  • Апликација за отворање на старателска сметка
  • Документи за идентификација и специмен на потписи на овластени лица
  • Договор за отворање и водење на старателска сметка

Трошоци и надоместоци поврзани со старателски услуги

  • Одржување на портфолиото
  • Трансакциски трошок
  • Застапување на Собрание на акционери
  • Стварни трошоци (преводи, нотарски заверки и сл).
  • Даночни услуги, поврат и ослободување од данок
  • Посебни барања од клиент

Контакт

Служба за услуги со хартии од вредност

Мајка Тереза 1, 1000 Скопје

Тел. 02/ 5100 353

Фах: 02/ 3212 933

Е-mail: custodyservices@nlb.mk

 

Служба за старателство

Мајка Тереза 1, 1000 Скопје
Тел: 02/ 5100 883

Фах: 02/ 3212 942
E-mail: custody@nlb.mk